Насловна / Дневни Вести / Дебата „Урбан транспорт во Скопје – предизвици и решенија“

Дебата „Урбан транспорт во Скопје – предизвици и решенија“

bus-urban-transport-systems-photo.jpg

Скопје  Транспортната политика на Скопје треба целосно да
се измени и да оди кон
 намалување
на индивидуалните автомобили кои се повеќе стануваат најпреферирано транспортно
средство за граѓаните,
 рече
Искра Стојковска од Здружението на граѓани „Фронт 21/42“ на денешната дебата
„Урбан транспорт во Скопје – предизвици и решенија“.

Според неа, потребни се поголем
број постројки и нивно осовременување, зголемување
 на градските линии, осовременување на наплатниот
систем, воведување
 картичка,
збогатување на понудата во јавниот транспорт.

– Потребно е да имаме јавен транспорт што ќе биде
соодветен на една европска метропола на 21 век. Скопјани можат да одберат само
авотбус како јавно превозно средтсво, за транвај се зборуваше и сеуште се
зборува во Град Скопје, ама никако да видиме збогатување на понудата, рече
Стојковска.

Во однос на велосипедите, таа
посочи дека
 уште нема
базична мрежа каде
 граѓаните
ќе можат автомобилот
 да
го заменат со велосипед.

– Има неколку проекти, но
инфраструктурата мора да биде направена од градската управа, да се направат
улици за велосипеди. Потребна е стратешка цел со конретни бројки и години до
кога треба да се постигне таа цел, додаде Стојковска.

Таа презентираше дел од направената анализа за одредени аспекти од
урбаниот транспорт во Скопје,
 Загреб и Бања Лука, споредени со Виена, како главен град на држава членка
на ЕУ.

Скопје, како што нагласи, во
повеќе сегменти
  на
јавниот трнспорт е подобро од Бања Лука, но полошо од Загреб.

– Анализата покажа дека
инвестициите или активностите во
 јавниот транспорт и велосипедскиот транспорт се многу повеќе симболични отколку потикнувачки, за разлика
од активностите на индивидуалниот транспорт, односно автомобилите се
поттикнувачки, рече Стојковска.

Дискусијата „Урбан транспорт во Скопје – предизвици и
решенија“ се одржа во рамки на Европската недела на одржлива енергија што од 13
до 15 април се
 одбележа и во Скопје. (МИА)

 

Испрати коментар

Scroll To Top